во , , ,

Најопасната пешачка патека во Европа – На висина од 90 метри само за оние со јако срце

Откако пет лица го загубија животот на ова дрвено шеталиште во јужна Шпанија во 2001 година, управата на Каминито дел Реја ги затвори вратите.

Патот широк триесет сантиметри на карпа Ел Коро во Малага е изграден пред сто години за да се скрати пристигнувањето на работниците во блиската хидроцентрала. Патот, во меѓувреме, е засилен со челични завртки, општите заштитни мерки се подобрени и тој е повторно отворен за јавноста. На посетителите сега им се потребни од три до пет часа за да го поминат патот долг осум километри, кој се издига на висина од 90 метри.

Секој посетител е должен да носи заштитна кацига додека ужива во фантастичниот поглед на околината, но и заштитна маска за лице. Бројките докажуваат дека ова е навистина популарен туристички избор за авантуристи – секоја година го посетуваат неколку стотици илјади луѓе.

Иако безбедноста на Каминито дел Реј повеќе не е доведена во прашање, шетањето по шеталиштето сè уште не се препорачува за луѓе кои страдаат од срцеви заболувања и вртоглавица или се плашат од височина.

Супер Кул Маици: -20%
Бесплатна достава над 2000 ден.

Напишете коментар

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена. Задолжителните полиња се означени со *

Ова е легендарно: Македонски навивач кој стана вирален откако тропаше на скинат тапан

10 Бонтон правила кои секој треба да ги знае во ерата на модерните технологии