во ,

Најстарата манекенка на светот има 93 години и филмска животна приказна: Три брака, два банкрота и само една желба – ДА УМРЕ НА ПИСТА

Ако мислевте дека на Наоми Кембел одамна требаше да се симне од пистата и да оди во пензија, како што одамна направија нејзините колешки од ерата на супермоделите, што би рекле за Кармен Дел’Орефиче? Таа наскоро ќе го прослави 94-от роденден и официјално е најстарата манекенка на светот, а за повлекување и не размислува.

Од неа е постара само модната Библија. “Vogue” почна да излегува кон крајот на претпрошлого веку, 1892 година, а Кармен Дел’Орефиче го здогледа светот во 1931. Дури се појави на една од првите повоени насловни страни, кога имаше само 15 години. На пример, Синди Крафорд имаше веќе 20 и кусур кога првпат се најде на насловната страница на престижниот магазин.

Родена е во Њујорк, во екот на Големата депресија, најдлабокиот економски пад во историјата на Соединетите Држави. Немаше “old money” ниту било каков друг “background”, па првите години од животот ги помина во крајна сиромаштија. Нејзиниот татко бил виолинист со италијански корени, а мајката балерина од унгарско потекло.

Музичарите во тоа време едвај наоѓале работа. Иако и таа ги наследила истите, уметнички погледи на животот, ѝ било јасно дека реалноста е повеќе од сурова, па од мали нозе учела да се снаоѓа и да игра со картите кои ѝ биле поделени.

Одела на балет, но и работела, бидејќи нејзините родители често немале средства ни за голо преживување. Добар дел од детството поминала по домови и згрижувачки семејства. Била, меѓутоа, харизматично девојче со специфичен изглед, па веќе на 13 години ѝ западнала во око на жена на угледен фотограф, Херман Ландшоф. Тоа се случило додека трчала на автобус по час по балет.

Нејзините први фотографии се направени на Џонс плажа, на Лонг Ајленд. Ги сметала за чист промашување, меѓутоа, луѓе блиски до магазинот “Vogue” мислеле поинаку. Кумот ѝ го средил првиот ангажман, па на 15 години почнала да работи како модел, со саатница од 7,50 долари.

Бидејќи, поради лошите услови за живот, била неухранета, често пред снимање морале да ѝ ја стеснуваат облеката. Наскоро Кармен Дел’Орефиче се појави и на насловна страница, за која во 1946 ја сликал Ервин Блуменфелд, еден од пионерите на модната фотографија.

Тогаш тркалото на среќата конечно почнало да се врти во нејзина корист. Наскоро се нашла и пред објективите на Ирвинг Пен, Сесил Битон, подоцна и Ричард Аведон, Франческо Скавуло и други славни фотографи кои заедно со неа го крчеле патот низ историјата на модата и популарната култура. Меѓу нејзините најпознати фотографии се издвојува “Carmen Las Meninas” која во 1960 ја снимил Мелвин Соколовски, а денес е изложена во музејот “Гети”.

Најстарата активна манекенка долго верувала дека е грда, бидејќи била превисока (180 сантиметри) и преслаба (поради неухранетост). Во повоено време такви девојки не биле баш на цена, па така ни таа, според сопствено признание, “воопшто не ги интересирала мажите”. Сепак, еден, и тоа каков, ја сметал за посебна. Ни помалку, ни повеќе, туку лукавиот и генијален Салвадор Дали, кој ја прогласил за своја муза.

Во модната индустрија не постои големо име со кое не соработувала. Во неа инспирација пронаоѓале – и сè уште пронаоѓаат – реномирани стилисти, манекенки и познати креатори, од кои многумина не биле ни родени во времето кога Кармен Дел’Орефиче владеела со пистите.

Грациозната дама, која гордо ги носи своите брчки, години и седа коса, зад себе има три пропаднати брака и два банкрота. И во љубовните и во деловните случаи за сè, како што признала, било виновно – погрешно вложување.

Во раните педесетти години од минатиот век се омажила за Бил Мајлс, кој бил целосно промашување. Наместо тој, како џентлмен, на својата сопруга да ѝ обезбеди пристоен живот, цело време финансиски ја искористувал. Ги присвојувал сите нејзини заработки.

Кармен била принудена да трпи такво однесување поради ќерката Лаура, но на крајот собрала сили да се разведе. Во вториот брак, со фотографот Ричард Хајманон, издржала едвај една година.

Третата љубов била среќа, иако ни таа не траела. Единаесет години поминала со архитектот Ричард Каплан, кој, подоцна раскажувала, бил опседнат со култот на младоста. Таа сакала уште деца, тој не можел да ѝ ги подари. Кога сфатила дека за него станала “стара”, одлучила да ја прекине и таа приказна.

“Премногу често бев сопруга, а мајка само еднаш. Кога во 1974 година се разведов, си реков себеси дека таа врата засекогаш се затвора. Нема повеќе бракови. Од луксузен пентхаус се преселив во еднособен стан, во кој го водев најфасцинантниот и најисполнет живот”.

Кармен Дел’Орефиче, модел со најдолг стаж во историјата, често останувала без долар во џеб, но по секој финансиски неуспех повторно застанувала на нозе. Не ја скршил ни киксот со Берни Медоф, криминалецот одговорен за голема инвестициска измама која многумина ги доведе на работ на банкрот. Била принудена на аукции да распродава работи и свои познати фотографии од најплодниот период на кариерата.

Тајната на вечната младост на Кармен Дел’Орефиче

На животното искуство, енергија и изглед може само да ѝ се завидува. Неодамна откри дека тајната на нејзината вечна младост може да се крие во урамнотежена исхрана, редовна нега, вежби за дишење и физичка активност. Успешно одолева на предизвиците на пластичната хирургија и не верува во вештачки додатоци, па веројатно затоа својата природна коса ја пуштила да побели. Но, тоа ѝ дава посебен шарм и привлечност, нели?

Кога ќе одлучи да разубави некоја модна недела и да прошета по писта, достоинствена и права како стрела, ја следат овации и воздишки. Можеби се слуша и прашањето дали е Кармен Дел’Орефиче претходник на супермоделите?

Би можела да биде, без проблем и дилема, иако тој поим не ни постоел во времето кога таа го крчела патот на денешните манекенки. Во секој случај, за пензија не размислува, иако се ближи јуни, месецот кога ќе го прослави 94-от роденден.

“Не знам дали испаѓам смешна или глупава што уште позирам, но уживам додека одам по писта и знам дека тоа го правам добро”, вели без лажна скромност. Во шега додава како се надева дека ќе умре во штикли на писта.

Сподели:

Напишете коментар

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена. Задолжителните полиња се означени со *

Вила на легендарната глумица на продажба! Од цената ќе ви се заврти во главата

3 бои на очи кои се НАЈРЕТКИ НА СВЕТОТ: Еве како науката го објаснува тоа