На оглас за дегустатор на вино се пријавил некој тежок пијаница.
Директорот на фирмата сакал брзо да го откачи,
па му дале чаша вино на пијаницата,
да го оценат колкаво е неговото познавање.
– Мускат, три години старо, стоено во челична бочва.
Низок квалитет, но прифатлив. – ко од пушка одговорил типот.
– Точно, – вика директорот, – дајте му уште една чаша за проба!
– Кабарне, 8 години старо, храстова бочва,
ферментира на 8 степени целзиусови.
За три години ферментација ќе ги покаже најдобрите резултати!”
– Точно!
И третата чаша бргу му ја дале.
– Бело шампањско вино – Пино, висок квалитет, ексклузивен!
ладнокрвно одговорил пијаницата.
Директорот е видно запрепастен, гледајќи го кандидатот со изгубен поглед,
а тогаш му текнало како да се откачи од него.
И намигнал на секретарката и нешто и шепнал,
па она излегла од собата и покасно се вратила со чаша полна урина.
Пијаницата пивнува, фрла уште еден поглед на чашата и вика:
– Плавуша, 26 години. Три месеци трудна,
да зборуваме за платата или да кажам кој е таткото?!