во ,

Неверојатна оптичка илузија: Брод снимен како лебди

Бродот кој лебди над морето, ретка оптичка илузија, е снимен во близина на Англија.

Дејвид Морис, автор на таа снимка, рекол дека бил многу изненаден кога забележал огромен танкер како лебди над водата во близина на Фолмаут во областа Корнвол.

Станува збор, всушност, за оптичка илузија позната како горен мираж, пишува англиски “Guardian”.

Таквите илузии се чести на Арктикот, но може да се видат и на други мориња во текот на зимата, кога има соодветни атмосферски прилики, иако тоа е многу ретко.

Причина за таа оптичка илузија е метеоролошкиот феномен познат како температурна инверзија. Вообичаено е температурата на воздухот да паѓа како што расте надморската висина. Меѓутоа, во случај на температурна инверзија, топлиот воздух се наоѓа над студниот воздух, играјќи си со нашата визуелна перцепција.

Така настанала фотографијата со бродот што лебди, бидејќи студеното море ја намалило температурата на воздухот непосредно над него, додека во повисоките делови се наоѓал потопол воздух.

Постудениот воздух е погуст од топлиот, па има повисок индекс на прекршување на светлината. Така зраците светлина, кои се одбиваат од бродот, различно се прекршуваат, минувајќи низ слоеви студен и топол воздух и одат надолу кон набљудувачот на брегот, поради што на него му личи дека бродот е повисоко.

Супер Кул Маици: -20%
Бесплатна достава над 2000 ден.

Напишете коментар

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена. Задолжителните полиња се означени со *

Уметник ни покажува дека сите миленици се совршено преслатки, дури и со своите уникатнни „маани”

10 Примери кога онлајн шопингот ќе испадне вистинска катастрофа