Мајкл Пакард, собирач на јастози, мислел дека е нападнат од голема бела ајкула, која е многу застапена на тоа подрачје, но сфатил дека животното нема заби и дека се наоѓа во уста на кит.
Американецот Мајкл Пакард, кој 40 години собира јастози, неодамна ќе бил проголтан од грбав кит. Пакард раскажал дека нуркал во море во државата Масачусетс, кога завршил во устата на грбав кит. Китот го исфрлил од уста, а Пакард само го повредил коленото, пренесува “BBC”.
Тој рекол дека мислел дека го нападнала голема бела ајкула која е многу застапена во тоа подрачје, но тогаш сфатил дека животното нема заби и дека се наоѓа во уста на кит, наведува “Tanjug”.
Китот потоа одеднаш испливал на површината и почнал да одмавнува со главата.
“Ме фрли во воздух, по што повторно паднав во вода”, додал Пакард.
Грбавите китови се храната така што ја држат устата отворена за да проголтаат што е можно повеќе плен, па научниците сметаат дека тоа што му се случило на Пакард веројатно била чиста случајност.
Според податоците на Светскиот фонд на диви животни, глобалната популација на грбави китови брои околу 60.000 единки, а тоа животно може да достигне тежина од околу 36 тони.
-
La Linea v1
699 ден
559.20 ден -
Петок
699 ден
559.20 ден -
La Linea v3
699 ден
559.20 ден -
Џаст До Ит!
699 ден
559.20 ден -
Мисли различно
699 ден
559.20 ден -
Спаси ја водата, пиј пиво
699 ден
559.20 ден -
Јас сум толку стар
699 ден
559.20 ден -
Хемија
699 ден
559.20 ден