во ,

НЕВИДЕН ПРЕСЕДАН: Ограбена фабрика за канабис во Карбинци ЧУВАНА ОД ПОЛИЦИЈА!

Ноќеска, околу 00:20 часот, во СВР Штип е пријавена кражба во фабрика за одгледување канабис лоцирана во општина Карбинци.

Од Министерството за внатрешни работи го потврдија настанот и истакнаа дека е извршен увид на местото на кражбата, а за случајот е известен и јавен обвинител.

Она што предизвикува особено внимание во овој случај е фактот што фабриката за канабис била под континуирано обезбедување од страна на полициски службеници од ПС ОН – СВР Штип, почнувајќи од 5-ти март годинава.

Ова значи дека крадците успеале да украдат канабис кој практично бил под надзор на Министерството за внатрешни работи.

Од МВР информираат дека во моментов се преземаат интензивни мерки за целосно расчистување на овој несекојдневен случај и за пронаоѓање на сторителите.

Точната количина на украдениот канабис дополнително ќе биде утврдена и за тоа јавноста ќе биде благовремено информирана.

Исто така, од Министерството за внатрешни работи негираат дека во изминатите месеци имало пријавено било какви кражби во оваа фабрика за одгледување канабис за медицински цели, што го прави овој инцидент уште почуден и поинтересен за истражните органи.

Сподели:

Напишете коментар

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена. Задолжителните полиња се означени со *

ЛИЗГАЊЕ СО СОЛЗИ: Максим Наумов го расплака светот со посвета за неговите трагично загинати родители!

Исповед на пилотот на соборениот Ф-117: Еве што се случи во Буѓановци во 1999 година!