Критично загрозените златноглави мајмуни, познати како Trachypithecus poliocephalus, живеат само на островот Кат Ба во Виетнам и се едни од ретките цицачи на копно што можат да пијат солена вода. Со само 85 преостанати единки, овие мајмуни развиле уникатна способност за преживување, што им овозможува да ја користат солената вода како ресурс.
Според истражување објавено во Nature Communications, кое го спроведоа експерти од Германскиот центар за примати и Зоолошката градина во Лајпциг, генетските адаптации кај овие мајмуни им овозможиле да ја поднесат високата соленост на водата. Генетичарот Лије Жанг, главен автор на студијата, истакна дека токму изолацијата на островот, каде што има ограничени извори на слатка вода, ги натерала да се приспособат на овие услови.
Како им успеало?
Истражувачите откриле дека златноглавите мајмуни имаат генетски модификации што им помагаат да обработуваат солта, што е неверојатно редок механизам меѓу копнените цицачи. „Нивната способност за адаптација ги прави овие животни навистина уникатни и потенцира колку е важно да се заштитат“, вели коавторот на студијата, д-р Кристијан Руз.
Популацијата на овие мајмуни драстично се намалила до само 40 единки во 2004 година, но благодарение на напорите за зачувување, бројката денес е околу 85. Сепак, поради нивната мала бројност и генетско „сиромаштво“ кое ја зголемува подложноста на болести, тие и натаму се сметаат за критично загрозен вид.
Ретки цицачи со способност да пијат солена вода
Освен мoрските цицачи, кои се природно адаптирани на солената вода, малку копнени животни имаат ваква способност. Меѓу нив се и камилите, африканските слонови и одредени видови елени и антилопи. Но, златноглавите мајмуни остануваат посебни и ранливи, а нивната способност за адаптација е инспиративен потсетник за кревкоста на екосистемите и потребата од нивна заштита.
-
La Linea v1
699 ден
559.20 ден -
Петок
699 ден
559.20 ден -
La Linea v3
699 ден
559.20 ден -
Џаст До Ит!
699 ден
559.20 ден -
Мисли различно
699 ден
559.20 ден -
Спаси ја водата, пиј пиво
699 ден
559.20 ден -
Јас сум толку стар
699 ден
559.20 ден -
Хемија
699 ден
559.20 ден