во ,

Некогаш и сега: Знаете ли како изгледа денес палавиот Денис?

Американската комедија „Dennis the Menace“ од 1993 година ги следи авантурите на палавиот Денис (Мејсон Гембл). Малиот Денис сакајќи да се спријатели со непријатниот сосед господин Вилсон всушност го тероризира и тоа на многу симпатичен начин.

Палавиот Денис е еден од омилените ликови од стрипот на Хенк Кечам, а пред 26 години ликовите од стрипот оживеаја во екранизацијата на истоимениот филм. Денис Мичел е момчето кое постојано го нервира господинот Вилсон, а децата ги насмејува до солзи.

Токму улогата на слатко, палаво момче го одбележи животот на Мејсон Гембл, кој за неа ја доби наградата Youth in Film, а беше номиниран за наградата Златна малина за најлош актер-почетник. На аудицијата од 20.000 деца токму Мејсон ја доби улогата на палавкото Денис.

Филмот иако доживеа успех на бокс-офисот и покрај негативните критики од филмските критичари.

Денес, поранешниот актер има 33 години. Во 2006 година работеше на серијата „CSI: Miami“ и на филмската адаптација на романот „Golf in the Kingdom“.

Супер Кул Маици: -20%
Бесплатна достава над 2000 ден.

Напишете коментар

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена. Задолжителните полиња се означени со *

Колешкава е облечена во црно…

Топ 10 Најпиратирани филмови на неделата