Некој Влав го прашува синот на полу-матура:
– Сине, кажи сега што сакаш да ти купи тато за полу-матура.
– Па, тато, сакам сладолед.
– Еве ти сине, две топки сладолед.
На матура на синот:
– Кажи сине тато што да ти купи за матура.
– Па, тато, лубеница не сум јадел, лубеница сакам.
– Еве сине, 5 кила лубеница за тебе.
Доаѓа дипломска и таткото пак прашува:
– Сине, што сакаш тато за дипломска да ти даде.
– Па, тато сакам, сакам Скопско.
– Еее и ти претеруваш, кај оди Скопско после лубеница.