Некој македонски слон сакал илегално да ја премине грчката граница, ама не знаел како. Му се пожалил на некој македонски глушец за проблемот.
Глушецот му рекол дека има решение за него. Го спакувал слонот во багажникот на колата и под секоја пазува му ставил по еден леб.
На грчката граница цариникот во редовна контрола го замолил глушецот да го отвори багажникот и тогаш го здогледал слонот.
– Што е ова? – прашал цариникот!
А глушецот му одговорил:
– Што ти е тебе гајле јас што ставам во моите сендвичи!