Глен Ембри стана ѕвезда на социјалните мрежи поради своето толкување на фотографиите со филтери.
Имено, на Глен му кажале дека тој ќе биде попопуларен помеѓу жените и дека тие ќе го сметаат за поатрактивен доколку објавува фотографии со филтери. Глен одлучил да го послуша ваквиот совет (а воедно и да се пошегува) и навистина објавил фотографии со разни филтери – односно, фотографии на кои држи разни филтери.