во ,

„НЕМА ДА КАЖАМ ЗБОГУМ, ТУКУ БЛАГОДАРАМ“: Штип се прости од Филип Стевановски!

Штип денеска се прости од својот сограѓанин, Филип Стевановски, директор на Центарот за култура „Ацо Шопов“ и член на групата ДНК, кој трагично настрада во пожарот во Кочани.

На комеморацијата присуствуваа бројни колеги, пријатели и почитувачи на неговото дело, кои со емотивни зборови се присетија на неговата личност и придонес кон културниот живот на градот.

Илија Ќосевски, директорот на Државното средно музичко училиште „Сергеј Михајлов“ во Штип, истакна дека Филип Стевановски бил музичар со исклучителен талент и посветеност, кој неуморно го пренесувал своето знаење на младите генерации.

Тој го опиша како човек со добар дух и мисија да ја шири љубовта кон музиката.

Вработените од штипскиот Народен театар исто така се простија од својот колега, нагласувајќи дека тој бил „ураган од љубов“ кој несебично ја ширел својата позитивна енергија.

Тие се присетија на неговата способност да ја врати надежта и вербата во тимот и кај публиката, која повторно ги полнела театарските сали.

„Патувај драг Филипе, патувај, летај и знај ти навистина го направи светот поубаво место за живеење. Ти благодариме за секој поминат момент со тебе, за се што не научи, бидејки ни го покажа патот по кој треба да се движиме“, беше пораката од вработените во театарот.

Филип Стевановски, кој потекнува од Куманово, а живееше и работеше во Штип, беше избран за директор на Центарот за култура „Ацо Шопов“ на 24 јануари годинава. Тој беше комплетен музичар – продуцент, пијанист, тромбонист и композитор, магистер по џез науки и професор во Државниот музички училишен центар „Сергеј Михајлов“ во Штип.

Зад себе остави сопруга и деца.

Сподели:

Напишете коментар

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена. Задолжителните полиња се означени со *

ОД ВРВ ДО ВРВ: Илина Арсова по Еверест, го освои и докторатот во САД!

ПУТИН СО ОСТРА ИЗЈАВА: Руската армија ќе ги ДОКРАЈЧИ украинските сили!