Вдовицата Оливера Балашевиќ своевремено на Фејсбук објасни зошто го вратила своето девојачко презиме. Таа тогаш ја заинтригира јавноста кога ги избриша сите фотографии со Ѓоле од Инстаграм, а сега објасни дека нема скандал во приказната околу враќањето на девојачкото презиме.
– На обвивката на книгата која е повод за моето огласување, се појавува и презимето Савиќ, моето девојачко, а животно презиме на мојата мајка, кое ме чуваше во годините прераскажани на страниците кои следат… Го ставив таму од почит, наместо посвета, а малку и од суеверие, не баш како зајачка шепа, туку како крило на ангелче кое толку совесно бдееше над една куќичка крај Бегеј – напиша Оливера и додаде: “Нема значи никаков скандал, дури ни мистерија околу тоа, ниту ништо што би можело да им конкурира на „задругарите“ и короната во медиумите, во ретките преостанати весници, и на таканаречените портали. Кога ќе ти се случи од некоја причина да станеш таканаречена „јавна личност“, најчесто те поистоветуваат со „јавна сопственост“, па така и те третираат, пишува N1.
Просто ми олеснува кога ќе видам дека никаде никој ништо не објавил за моите деца, моето семејство, па со самото тоа ни за мене, или во краен недостаток на теми и за оваа книга. Вистина е дека објавувањето вести се сведе главно на пренесување од нечии лични објави на социјалните мрежи, но и тука доаѓа до силни случајни и намерни грешки, малку од небрежност, малку повеќе од злоба”.