во ,

„Не би издржал секој“ – Девојка открива како изгледа животот во средновековен германски замок

Сте се запрашале ли некогаш како би изгледал животот во средновековен замок? Една девојка од Германија имала можност да го искуси тоа, а своето искуство го сподели на познатата платформа за слики и видеа – Imgur.

Јулија е млада девојка родена во Русија, но пораснала во Германија. Денес таа живее во Шпанија, но додека била во Германија, 2 години живеела во средновековен замок изграден во 1482-ра година.

Замокот се протега на површина од 600 метри квадратни, а Јулија се вселила таму откако со сопругот добиле понуда да го одржуваат. На замокот му требало многу реновирање, па неговите сопственици одлучиле да им дозволат на Јулија и сопругот да живеат таму бесплатно, но под услов да го средат и да го одржуваат.

Кога се вселиле, замокот бил во добра состојба, но некои работи морале да се обноват. На пример, замокот немал водовод, а за греење имало само еден камин на првиот кат.

„Околу две години живеев во германски замок стар 600 години. Многу работи во него беа како во минатото. Замокот се загреваше само со дрва, немаше водовод, но беше многу романтичен и имаше место за моите 6 мачки“, пишува во објавата на Јулија.

Замокот последен пат бил реновиран во 1972-ра година, а кога се вселиле со сопругот, тој и Јулија најпрво ја средиле кујната. Бидејќи немало водовод, тие ставиле пумпа во бунарот до замокот, па колку-толку го решиле тој проблем.

„Единствениот извор на топлина беше огромна печка на дрва во која ме собира и мене. Нормално, мачките целата зима ја поминаа овде, бидејќи во другите простории температурата се спушташе до 8 степени“.

Јулија открива дека живеењето во ваков дом е вистински предизвик, но целото искуство вредело, можеби најмногу поради неверојатниот поглед што го имал замокот. Таа вели дека многу ѝ се допаѓа минималистичкиот начин на живот во замокот, но нагласува дека не секој би издржал повеќе од неколку ноќи таму.

Со оглед на тоа што првата објава на Јулија привлече многу внимание, таа решила да сподели уште неколку фотки и факти за животот во замокот.

Бидејќи најчесто ја прашувале како изгледа тоалетот, Јулија сподели фотка од тоалетната школка:

„Тоалетот е второто нешто за коешто ме прашувавте најмногу. Имаше обновена стара тоалетна школка и септичка јама. Синџирчето од страната не е за пуштање вода, туку е ѕвонче со кое би го викнале слугата да ви помогне да исчистите…“

Јулија вели дека тој период и исхраната им била средновековна.

„Неколку месеци откако се преселивме купивме електричен шпорет, но ретко го користевме бидејќи имаше многу проблеми со струјата“.

Во двете години додека живееле таму, Јулија и сопругот средиле многу нешта, како прозорците, вратите, електричната инсталација… Сепак, овој период бил краток за да направат сè што замислиле.

„За жал, не живеевме таму доволно долго за поголеми проекти, бидејќи за повеќето ќе ни требаа дозволи со оглед на тоа што станува збор за историска градба“.

Сепак, Јулија и сопругот го оспособиле замокот за живот, па денес тој се користи како хотел, а најчестите гости се луѓе кои работат фриленс.

Супер Кул Маици: -20%
Бесплатна достава над 2000 ден.

Напишете коментар

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена. Задолжителните полиња се означени со *

Во Дубаи „никнува“ најголемото уметничко дело на светот

16 Драстични трансформации кои ја прикажуваат скриената убавина во жените