во ,

„Не правете циркус од трагедијата!“: Боки 13 гневен на непочитувањето на жалоста за Кочани!

Бојан Јовановски – Боки 13, изрази големо разочарување. Причината е непочитувањето на деновите на жалост по трагедијата во Кочани.

Во пожарот во дискотеката „Пулс“ животот го загубија 59 луѓе. Повеќе од 150 лица беа повредени.

Боки 13 меѓу првите реагираше на оваа трагедија. Преку својот Инстаграм профил упати остра порака.

„Колку е жално што поединци не го знаат основното однесување во денови на жалост. Тие мислат дека оваа ужасна трагедија е забавна содржина за Инстаграм и Јутјуб! Зар не ви е морбидно да правите циркус од оваа ужасна трагедија? Оставете ги семејствата на жртвите да тагуваат и да ги испратат своите деца во мир и достоинство“, напиша меѓу другото Боки 13 во својата објава.

Сподели:
Уникатни Маици

Напишете коментар

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена. Задолжителните полиња се означени со *

Во 59-тата минута македонските навивачи скандираа „Кочани! Кочани! Кочани!“ на стадионот во Вадуц

Панчо од ДНК како да предвидел се: „Не дај Боже да се случи нешто во преполна дискотека…“