Итар Пејо отишол кај својот пријател во Јапонија. Кога заѕвонил на вратата нешто силно го удрило и паднал во кома. Кога се освестил прашал:
– Што се случи?
Јапонецот му одговорил:
– Ништо посебно, само јапонска техника – карате!
Наредната година Јапонецот дошол на гости кај Итар Пејо во Македонија. Уште пред да стигне до вратата нешто силно го удрило и тој паднал во кома. Кога се освестил, прашал:
– Што се случи?
Итар Пејо му одговорил:
– Ништо посебно, јапонска техника – полуосовина од Тојота.