Полицијата синоќа приведе две лица, сопругата и ќерката на Дејан Јованов – Деко. Тој е газда на дискотеката „Пулс“ во Кочани. Во пожарот во оваа дискотека загинаа 59 млади луѓе.
За време на апсењето, полицијата одзела пет мобилни телефони. Тие се наоѓаат на вештачење. Според неофицијални информации, ќерката на Јованов ја подигнала фалсификуваната лиценца за работа на дискотеката.
Лиценцата била издадена во времето кога министер за економија бил Крешник Бектеши. Полицијата врши претреси и во други објекти кои се во сопственост на газдата на „Пулс“.
Извршен е претрес и во службените простории на Државниот пазарен инспекторат во Кочани. Дејан Јованов-Деко веќе е во притвор. Тој беше закупец на дискотеката „Пулс“.
Јованов управуваше и со кафулето „Класик“ во трговскиот центар во Кочани. Тој исто така ја водеше и подружницата на Карго експрес за Кочани и Виница.