во ,

Нови Сад во жалост: Граѓаните палат свеќи за жртвите од трагедијата

По трагичниот настан што денес го потресе Нови Сад и цела Србија, граѓаните во голем број излегоа на улиците за да им оддадат почит на настраданите. Во тишина и со свеќи во рацете, Новосаѓаните се собираат во знак на солидарност и тага за жртвите.

Палњето свеќи започна на аголот на Булеварот на ослободувањето и Булеварот на Јаша Томиќ, во близина на Железничката станица, каде што се случи трагедијата. Вечерва, со почеток од 20 часот, граѓаните ќе се соберат и на Трг Слобода во центарот на Нови Сад за да ги запалат своите свеќи во знак на почит.

Најновите информации за несреќата, која настана околу пладне со уривањето на настрешницата на железничката станица, укажуваат дека бројот на жртвите се зголеми на 14. Постојат и повредени, кои се префрлени во болница, а граѓаните организирано даруваа крв за да помогнат на повредените.

Градоначалникот на Нови Сад, Милан Ѓуриќ, објави тридневна жалост на територијата на градот, која започнува утре, како знак на сочувство и почит кон настраданите и нивните семејства.

Супер Кул Маици: -20%
Бесплатна достава над 2000 ден.

Напишете коментар

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена. Задолжителните полиња се означени со *

Мајчината љубов: Незапирлива сила што трае вечно

OnePlus 13 пристигна со нов процесор, огромна батерија и подобрен екран