во ,

Нов шок во Кочани: Почина возач на Брза помош кој цела ноќ превезуваше пациенти

Утрово нова трагедија го потресе Кочани. Почина Иле Гоцевски. Тој беше долгогодишен возач на Итната медицинска помош. Беше човек кој несебично им помагаше на граѓаните во најтешките моменти.

Реклама

Тој беше долгогодишен шофер на возила во Итната помош во Кочани.

Неговите колеги од Општата болница Кочани се во шок и неверување. Вчера, како и секој ден, тој беше на терен. Транспортираше пациенти и повредени лица. Секогаш беше посветен на својата работа. По напорниот ден, се вратил дома да одмори. За жал, не се разбудил.

За Гоцевски сведочат како за професионалец и човек со големо срце. Беше подготвен да помогне во секој момент. Без разлика на времето и условите. Неговата пожртвуваност и човечност ќе останат запаметени.

Оваа ненадејна загуба е тежок удар за неговото семејство, пријателите и колегите. Кочани денес се простува од човекот кој животот го посвети на спасување животи.

Сподели:
Уникатни Маици

Напишете коментар

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена. Задолжителните полиња се означени со *

„АКО УТРЕ МЕ НЕМА“ ЈА ПРЕДВИДЕ СВОЈАТА СУДБИНА: Јавните личности се простуваат од пејачот на ДНК

Лекарите од Белград за повредените од Кочани: Изгореници до 28%, состојбата е тешка