во

Носталгија и незаборавна енергија на „Скрим фестивал“ – „Црвена јабука“, „Галија“ и „Прљаво казалиште“ приредија петчасовен спектакл во Скопје

Во саботата вечер, Арена „Борис Трајковски“ беше преполна со емоции, музика и незаборавна енергија – фановите од сите генерации уживаа во петчасовниот спектакл на „Скрим фестивал“. На сцената се вратија легендарните екс-ју бендови „Црвена јабука“, „Галија“ и „Прљаво казалиште“, чии хитови ја обединија публиката од најмладите до највозрасните фанови на добрата музика.

Први на сцената се појавија „Црвена јабука“, кои и покрај краткиот настап, ја разнежнија публиката со познатите мелодии. Со песни како „Има нешто од срца до срца“ и емотивната „Туго несреќо“, ја освоија арената, а на крај ја изведоа македонската верзија на „Ако умрам ил загинам“, пред да им го препуштат местото на наредниот бенд.

Следуваше „Галија“, која го крена духот на публиката со познатите хитови и препознатливата балканска рок-енергија. Еуфоријата кулминираше со „Додирни ме“, кога целиот простор одекнуваше од громогласен аплауз.

Кога на сцената се појавија „Прљаво казалиште“, веќе беше длабоко во ноќта, но тоа не ја намали енергијата на фановите. Со безвременските „Црно бјели свет“ и легендарната балада „Ту ноќ кад си се удавала“, арената стана ѕвездено небо, кога фановите ги запалија своите светилки и ја прегрнаа магијата на моментот. Крајот го обележаа со „Марина“, песна која ги обедини сите во еден глас.

Фестивалот уште еднаш покажа дека љубовта кон добрата музика и вечните хитови не знае за граници и години.

Супер Кул Маици: -20%
Бесплатна достава над 2000 ден.

Напишете коментар

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена. Задолжителните полиња се означени со *

„Како Господ нè води секој ден“ – Приказна што потсетува на верба и трпение

Македонија очекува нов бран снег – еве кога почнуваат врнежите