во ,

Но, ние не знаеме ништо еден за друг – му рекла таа…

Богат човек се запознал со убава жена и веднаш сфатил дека сака да се ожени со неа. На втората средба и понудил брак.

– Но, ние не знаеме ништо еден за друг – му рекла таа.

– Не е важно. Постепено ќе научиме сè еден за друг. Токму тоа е интересно.

Жената се согласила и се венчале. По свадбата заминале на скап меден месец во најубавиот хотел на Маврициус. Првото утро отишле во хотелскиот базен. Мажот се качил на
скокалницата, направил комплицирано двојно салто и скокнал во водата. Кога испливал, и рекол на невестата:

– Фасцинантно, нели? Гледаш, јас сум олимписки шампион во скокови во вода. Ти реков дека ќе биде забавно да се запознаваме постепено.

Потоа жената скокнала во водата и испливала дваесет и пет должини, без да покаже ни минимални знаци на замор. Кога излегла од базенот, тој бил шокиран:

– Леле! Беше фантастично! Ти да не си олимписка шампионка во воден маратон?

– Не – одговорила таа. – Бев ку*ва во Венеција и работев на двата брега на каналот. Навистина, интересно е да се запознаваме постепено…

Супер Кул Маици: -20%
Бесплатна достава над 2000 ден.

Напишете коментар

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена. Задолжителните полиња се означени со *

Трпе и Гоце се враќаат дома од кафана, ама одлучуваат да одат по краткиот пат, преку гробишта…

9 Уникатни илустрации што откриваат како погледот кон работите се менува со годините