Обожаваме добри оптички илузии, а оваа покажува колку нашиот мозок може да биде измамен кога станува збор за разликување на боите и колку се држиме до првичното верување што сме го виделе.
Создадена од јапонскиот професор по психологија Акијоши Китаока, сликата покажува шест квадрати кои се наоѓаат на правоаголник чија боја преминува од портокалова до жолта, од лево кон десно.
Ќе забележите дека квадратите од десно имаат потемна нијанса на портокалова од оние од лево. Но, вашиот мозок е измамен. Поставувањето на квадратите на бела позадина покажува дека нивната боја е иста.
Оптичката илузија функционира поради нашата тенденција да ја гледаме бојата и осветленоста на објектот во споредба со другите бои или осветлување што го покружуваат.
Китаока направи кратко видео, покажувајќи колку е моќна илузијата. На видеото тој поместува еден од обоените квадрати од лево кон десно преку правоаголникот. Се чини дека квадратот ја менува бојата и осветленоста додека се движи низ позадината.
-
La Linea v1
699 ден
559.20 ден -
Петок
699 ден
559.20 ден -
La Linea v3
699 ден
559.20 ден -
Џаст До Ит!
699 ден
559.20 ден -
Мисли различно
699 ден
559.20 ден -
Спаси ја водата, пиј пиво
699 ден
559.20 ден -
Јас сум толку стар
699 ден
559.20 ден -
Хемија
699 ден
559.20 ден