во ,

Ова е вилата на Балашевиќ во Истра во која што сакал да ја помине својата старост

„За сè е виновен мојот другар Золе, тоа морам да го кажам. Тој ден донесе магазин со чудесни пејзажи… Ајде да одиме во Истра“, се дел од зборовите во песната „Rapsodija o Katrin“, напишана во 1978 година.

Ѓорѓе Балашевиќ во 2019 година купил вила во Истра за која што, како што пишуваат хрватските медиуми искеширал 400.000 евра.

Луксузната вила има околу 200 метри квадратни, голем двор со паркинг и гаража за два автомобила. Вилата се состои од голема дневна соба, четири спални соби со посебни тоалети, надворешна и внатрешна кујна, а покрај тоа поседува и голем базен од 40 метри квадратни, џакузи и подно греење.

Балашевиќ оваа вила ја купил преку фирмата „Балбело“ чиј директор е неговата ќерка. Соседите кои што воглавно купиле исти вили како неговата се странци, најчесто Германци, Австријци и Словенци кои исто така не сакаат да живеат во градската врева.

Во близина на вилата има природен парк, а морето е оддалечено само шест километри од истата.

Супер Кул Маици: -20%
Бесплатна достава над 2000 ден.

Напишете коментар

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена. Задолжителните полиња се означени со *

Магичен италијански остров кој вреди да го посетите

На сопругата која починала ѝ засадил 6.000 стебла – 17 години подоцна таму се појавило нешто неверојатно…