во , , ,

Ова е фотографијата за која зборува цел свет, а снимена е на Халкидики

Океанот е едно мистично место и никој не знае што се крие на дното. Дом е на разни животни, но многумина се плашат да го истражуваат, бидејќи не знаат што би можеле да откријат кога ќе пристигнат до неговите длабочини. Оние кои го направиле тоа, снимиле неверојатни глетки.

Фотографите ширум светот и оваа година ги испратија своите феноменални фотографии за “Ocean Photography Awards” и открија света магија на неистражените длабочини.

Посебно внимание привлече фотографијата која пристигнала од Балканот. Имено, грчкиот фотограф Николас Самарас снимил морско коњче кое низ водата влече хируршка маска.

“Кога негде постојано нуркате можете да ја воочите разликата. Често сум во Стратонија, мало село на Халкидики и редовно фотографирам морски коњчиња. Што се променило во водата, има многу ковид отпад”, рекол Николас.

Тука е и фотографијата на Стивен Ковач, кој фотографирал риба која се обидува да јаде отпушок.

“Ова е најдобрата илустрација колку луѓето се невнимателни и како фрлаат сѐ и сешто насекаде, како тоа влијае врз дивиот свет”, рекол Ковач.

Тој истакнува дека рибата го помешала пикавецот со мала риба.

“На крај асистирав за да не го голтне отпушокот, мислам дека тоа ќе ја убиеше”, рекол фотографот.

Супер Кул Маици: -20%
Бесплатна достава над 2000 ден.

Напишете коментар

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена. Задолжителните полиња се означени со *

20 Најоткачени работи што на работното место ги гледаат луѓето во техничка поддршка

Маж ја одвел љубовницата во кино, а потоа се појавила неговата сопруга: Настанало видео кое насмеа повеќе од 20 милиони луѓе