Замислете глампинг-шатор. Затворете го, ставете му таван и прозорци, внатрешен телескоп, столови-нишалки и кадифени крпи и постелнини. Направете го во форма на купола, со контролирана клима, и поставете го на неколку минути од вашиот омилен национален парк.
Дали и понатаму е глампинг-шатор или хотелска соба со пет ѕвезди? Или, пак, раскошна кабина?
– Глампингот денес значи луксузно и уникатно место за престој со директен пристап до природата. Значи, дефинитивно ја исполнуваме дефиницијата за гламурозно патување. Едноставно ја прошируваме идејата и ја редефинираме – ова е првиот и единствен концепт за одморалиште од ваков вид во земјата – вели Хал Фајнберг, еден од сопствениците на одморалиштето.
Куполата нуди уникатно искуство – можете да се искачите на спиралното скалило за да ги набљудувате ѕвездите од вашиот кревет. Плус, секоја купола има огромна приватна тераса, модерни бањи со тушеви и прекрасна глетка кон дрвјата.
Има 45 куполи во кои можат да се сместат групи од по седум луѓе, а новоотворените одморалишта во близина на Големиот Кањон се трипати поголеми.
Се нудат доста интересни активности: фризби, голф, прошетка низ уметнички скулптури, проекција на филмови, игри во дворот, астрономска и филмска вечер, музика во живо и раскажување приказни и многу други активности.
-
La Linea v1
699 ден
559.20 ден -
Петок
699 ден
559.20 ден -
La Linea v3
699 ден
559.20 ден -
Џаст До Ит!
699 ден
559.20 ден -
Мисли различно
699 ден
559.20 ден -
Спаси ја водата, пиј пиво
699 ден
559.20 ден -
Јас сум толку стар
699 ден
559.20 ден -
Хемија
699 ден
559.20 ден