во , ,

Овој човек е фаворит во обложувалниците за улогата на идниот Џејмс Бонд

31-годишниот актер Реге Жан Пејџ се повеќе се споменува како „наследник“ на Даниел Крејг во филмовите за Џејмс Бонд.

И не само тоа, моментално води во обложувалниците, а фановите се согласуваат дека тој би бил добар агент 007.

Обложувалницата Ледброкерс во вторникот објавила дека една недела коефициентот за него преминал од 40/1 на 16/1.

Сега шансите да станат новиот Џејмс Бонд на актерите Џејми Бел и Крис Хемсфорт им се многу помали.

„Реге Жан Пејџ сега води во обложувалниците и е во трка во која што најверојатно ќе го замени Даниел Крејг“, изјавил Алекс Апати од обложувалницата.

https://twitter.com/EmbobEast/status/1345443525199060992?ref_src=twsrc%5Etfw%7Ctwcamp%5Etweetembed%7Ctwterm%5E1345443525199060992%7Ctwgr%5E%7Ctwcon%5Es1_&ref_url=https%3A%2F%2Ftocka.com.mk%2Fvesti%2F364588%2Fovoj-covek-e-favorit-vo-oblozuvalnicite-za-ulogata-na-idniot-dzejms-bond

Досега како наследници на улогата за Џејмс Бонд се споменуваа неколку актери, а меѓу нив и Идрис Елба, Џејмс Нортон и Том Харди.

Пејџ моментално толкува улога во серијата „Bridgerton“ која што својата премиера ја имеше пред две недели, а досега на „Нетфликс“ ја прегледале 63 луѓе.

Супер Кул Маици: -20%
Бесплатна достава над 2000 ден.

Напишете коментар

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена. Задолжителните полиња се означени со *

Фотографии кои станаа хит на Редит: Само еден детаљ е виновен…

Автомат за зелки, патики со штикла: Докази дека не секоја идеја е добра идеја