Центарот на Струга утринава е зафатен од голем пожар кој избувна во Безистенот, историскиот трговски објект. На терен се десетина пожарникари со четири противпожарни возила од Територијалната противпожарна единица Струга, кои се борат да го локализираат огнот и да спречат негово ширење.
Засега, причините за пожарот не се познати. Повеќе детали се очекуваат по завршување на интервенцијата.