во , , , ,

Огромниот црн кратер кој се појавил во Сибир, ги збуни научниците: „Не сме подготвени…“

Огромна дупка за која се проценува дека е длабока најмалку 50 метри, откриена била во подрачјето на Арктикот, на полуостровот Јамал во Сибир.

Парчиња земја и мраз расфрлани биле на околу 100 метри од дупката, што им покажува на научниците дека таквите кратери се резултат на собирање метан под површината на земјата.

„Овој објект е единствен. Носи многу дополнителни научни информации кои што сè уште не сме подготвени да ги откриеме“ – изјавил за новинарите професорот Василиј Богојављенски од рускиот Институт за истражување нафта и гас.

„Ова е тема за научна публикација. Сето ова мора да се анализира и да се направат тродимензионални модели“ – додал тој.

„Во некаква смисла, тоа е празен простор кој што е исполнет со гас, под висок притисок“ – додал Богојављенски.

Рускиот професор кој што претходно тврдел дека човечката активност, како барање гасови, би можела да биде причинител за постоењето на ваквите кратери, но истите се многу ризични во подрачјата каде што има станбени објекти.

Група научници започнале научна експедиција за да го истражат овој цилиндричен кратер, последен од неколкуте откриени на сибирски Арктик, во последната деценија.

„Знаеме само за седум кратери на подрачјето на Арктикот“ – изјавил професорот Василиј Богојављенски во 2015-та година.

Супер Кул Маици: -20%
Бесплатна достава над 2000 ден.

Напишете коментар

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена. Задолжителните полиња се означени со *

13 морничави моменти „уловени“ со камера…

Како си ти, како се децата? Што се случи? Зошто си таква?