Оди човек кај докторот и вели:
– Докторе, имам еден голем проблем.
– Кажете, можеби можам некако да ви помогнам.
– Кога и да заспијам, се помочувам во гаќите.
– Па како ви се случува тоа?
– Кога ќе заспијам, едно џуџе ми доаѓа во сон и ме прашува: „Дали мочавме?“, а јас му велам: „Не мочавме.“ Потоа тој прашува: „Па што чекаме?“, и така се случува.
На тоа докторот вели:
– Имам решение за вас: кога џуџето ќе дојде во сон, вие кажете му: „Мочавме.“
И така, доаѓа џуџето на човекот во сон и го прашува:
– Дали мочавме?
– Мочавме – одговара човекот.
– А дали какавме?
– Не какавме.
– Па што тогаш чекаме?