Македонската алпинистка Илина Арсова постигна уште еден значаен успех во својата кариера.
Таа успешно ја одбрани својата докторска дисертација на Универзитетот во Тенеси, Соединетите Американски Држави. Нејзината дисертација е од областа на општествените науки и спорт.
Арсова ја сподели радосната вест со своите следбеници на Инстаграм. Во својата објава, таа напиша:
„Драги пријатели, роднини и колеги. Чест ми е да споделам дека на 25 март 2025 успешно ја одбранив мојата докторска дисертација од областа на општествените науки и спорт.
Сега и официјално сум експерт за родови прашања, спорт и медиа кои несомнено водат кон социјални промени.“
Илина Арсова изрази огромна благодарност до сите кои ја храбреле и поддржувале за време на нејзините студии. Таа го опиша процесот како долг, изолиран и рефлексивен.
Во својата порака, таа исто така ја спомена и својата тага за случувањата во Македонија на 16 март, истакнувајќи ја потребата од знаење, етика и солидарност за подобра иднина на земјата.
Илина Арсова е позната и по своите извонредни достигнувања во планинарството. Таа е првата жена од Македонија која се искачи на Монт Еверест во 2013 година.
Покрај тоа, таа има искачено уште четири од седумте највисоки врвови на пет различни континенти.
Арсова се пресели во Соединетите Американски Држави во 2023 година, по завршувањето на нејзината врска со познатиот македонски актер и водител Игор Џамбазов, со кој беше во врска од средината на 2020 година.