во , ,

Она кога баба ти е инфлуенсерка, па се шлепаш на неа

Не може да ги сакате сите членови на семејството подеднакво и секогаш имате еден омилен роднина.

Најдобрата варијанта е некој од семејството исто така и да ви е добар пријател. Врв на целата приказна е тоа да е баба ви. И да има 93 години.

Токму тоа му се случи на 27-годишниот Рос Смит кој ја обожава баба му Полин Кана. Рос е убав и фин дечко, но покрај баба му тој дефинитивно паѓа во сенка. Баба Полин дефинитивно го зема целото внимание.

Сѐ почнало пред шест години кога Рос бил студент на колеџ и снимал кратки Vine видеа. Во едно од тие видеа ја вклучил и баба му како му блокира забивање на кош.

Видеото го „преврти“ интернетот и оттогаш сѐ се смени за овие двајца најдобри пријатели.

Внукот сфатил дека баба му е далеку покул од него и решиле да станат партнери и заедно да прават пресмешни фотографии и видеа кои ги споделуваат на социјалните мрежи.

Бабата стана инфлуенсерка, па заедно често ги ангажираат за рекламирање производи.

Супер Кул Маици: -20%
Бесплатна достава над 2000 ден.

Напишете коментар

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена. Задолжителните полиња се означени со *

Градот на анархијата и мирот: Таму нема политика, закони ниту религија…

Само кај нас секс за една вечер…