во ,

Она кога банката ќе погреши – Се разбудил со 1.3 милиони долари на својата сметка

Откако банката случајно му префрлила 1,3 милиони долари на сметка, граѓанин на Русија купил четири станови, два луксузни автомобили и Ајфон, а поради сето тоа е осуден на шест години затвор.

Случајот со жителот на Русија, кој поради банкарска грешка станал милионер преку ноќ, е доказ дека животот истовремено може да биде и суров и великодушен. 35-годишниот Роман Јурков добил 95,2 милиони рубљи или 1,3 милиони долари, по техничка, дигитална грешка на банката.

Како и многу од нас, Јурков се израдувал на парите и тргнал на шопинг. Купил четири стана, автомобили, скап телефон.

Ја повикал банката за да ја провери состојбата на својата сметка, добил потврда на која се гледа дека на сметката има 1,3 милиони долари.

Банкарската грешка ја искористил, ги земал парите и тргнал во шопинг. За 24 часа направил 220 одвоени трансакции.

Јурков истакнал дека постојано бил во контакт со банката, што банкарските службеници потврдиле.

Сметката е замрзната, а Јурков уапсен. Судот го прогласил за виновен и му одредил затворска казна во траење од шест години.

Супер Кул Маици: -20%
Бесплатна достава над 2000 ден.

Напишете коментар

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена. Задолжителните полиња се означени со *

20 Разочарувачки оброци од ресторани и мензи ширум светот

11 Урнебесни мемиња на тема „Колку го мразам понеделник“