Отишол мажот на лекар и вели:
– Докторе, жена ми е глува. Има ли спас?
– Ај, оди дома и испитај до кој степен е глувонема па ќе видиме што може да се направи.
Уште од дворот мажот извикува:
– Женоо, готово ли е јадењето?
Нема одговор.
Доаѓа пред врата и вика:
– Женоо, јадењето дали е готово??
Оваа пак не одговара.
Доаѓа мажот до неа во кујната и силно се дере:
– Жено ма, дали јадењето е готово?!
– А бе, готово е, три пати ти кажав!!