Отишол човек во фин ресторан, нарачал комплетен ручек, келнерот му донел супа за почеток, и по половина минута гостин го вика келнерот.
Келнерот, пристојно:
– Повелете, господине.
Гостинот, подеднакво пристојно:
– Ве молам, пробајте ја оваа супа.
Келнерот:
– О, извинете, веднаш ќе ви донесам друга.
Гостинот:
– Не, не, ве молам, само пробајте ја оваа супа.
Келнерот:
– Господине, нема никакви проблеми, нам ни е многу важно да ја задржиме репутацијата на нашиот ресторан и ќе ви донесам друга супа со задоволство.
Гостинот:
– Но, не, јас навистина би сакал да ја пробате оваа супа.
Келнерот, обидувајќи се да ја прикрие нервозата:
– Добро. Добро. Да ја пробам супата. А… каде е лажицата?
Гостинот, благо победнички:
– Дошла мачка на врата…