Сè уште не стивнаа импресиите за момчето кое по финалето на Ролан Гарос доби подарок од Новак Ѓоковиќ – неговиот рекет, а најдобриот тенисер на сите времиња истото го повтори и по финалето на Вимблдон.
Овојпат станува збор за девојче. Нејзината радост лесно можела да се види на лицето, а по финалето на Вимблдон се огласи и нејзината мајка.
Нејзината мајка Крис ги открила деталите:
„Иванка е воодушевена. Разговаравме по телефон и ме праша: Што се случи, дали ова е вистински рекет? Јас за тоа време го шетав кучето со петгодишниот син, поради тоа што тој заради годините не можеше да влезе на трибините. Би сакала сите да бевме заедно“, раскажала мајката од девојчето.
Токму тие две направиле транспарент на кој пишувало НОВАК, а секој збор имал посебно значење во англискиот јазик.
Буквата „н“ значела број еден, буквата „о“ дека е неверојатен, буквата „в“ дека е победник, буквата „а“ дека е амбициозен и последната буква „к“ се однесува на бакнежите.
„Таа ги смисли сите зборови, освен последниот. Сакаше последната буква да биде крал или прекрасен, но јас мислев сепак да биде нешто смешно. Го обожуваме Новак. Тој тренира напорно, тој е сè што сакате еден тенисер да биде. Толку е добар“, заклучила мајката на Иванка Ли.
-
La Linea v1
699 ден
559.20 ден -
Петок
699 ден
559.20 ден -
La Linea v3
699 ден
559.20 ден -
Џаст До Ит!
699 ден
559.20 ден -
Мисли различно
699 ден
559.20 ден -
Спаси ја водата, пиј пиво
699 ден
559.20 ден -
Јас сум толку стар
699 ден
559.20 ден -
Хемија
699 ден
559.20 ден