Дошол Мујо еден ден во црква и го замолил свештеникот да се исповеда. Свештеникот прво не сакал, велејќи дека ги исповеда само своите верници но кога Мујо навалил, овој попуштил и седнале во исповедалницата:
– Оче, грешев, многу грешев. Дојде кај мене сестрата на жена ми, пиевме кафе, се размуабетивме и … завршивме во кревет.
– Голем грев Мујо – рекол свештеникот, има ли уште?
– Има Оче. Дојде кај мене свекрвата, пиевме кафе, се размуабетивме и… завршивме во кревет.
– Мујо, ти си навистина голем грешник. Се надевам дека тоа е се.
– Не е оче. Неколку дена подоцна, дојде братот на жена ми, и пиевме кафе, се размуабетивме и… завршивме во кревет.
Свештеникот на тоа му одговорил:
– Добро Мујо, ајде сеа ти тргни си дома за да не се размуабетиме и ние…