Павле Вуисиќ останува запаметен како легенда на југословенското глумиште, но зад сцената неговиот живот бил исполнет со турбуленции и лични битки. Неговата сопруга, Мирјана Вуисиќ, единствена сведок на неговата најинтимна страна, открива детали за човекот кого многумина го доживувале како строг и повлечен, но кој бил вистински уметник во душата.
Мирјана се сеќава на првите средби со Павле и нивната љубовна приказна. Иако неговите пријатели не го поддржувале, таа одлучно стоела покрај него. Со текот на времето, нивната љубов се продлабочувала, а Мирјана се откажала од своите амбиции за кариера во јазици и станала негова верна сопатничка и асистентка.
Во младоста, Павле бил познат по својата способност да се потепа, што продолжило и во подоцнежниот живот. Еден од најпознатите инциденти се случил со неговиот колега, Мијо Алексиќ, кога на снимањето на филмот „Човек од дабовата шума“ двајцата завршиле во тепачка поради комплиментите кои Мијо ѝ ги упатил на Мирјана. Иако ситуацијата станала сериозна, двајцата подоцна професионално продолжиле соработката во „Маратонците“.
Иако Павле бил симбол на југословенската кинематографија, приватно го презирал комунизмот и Јосип Броз Тито. Сепак, и покрај тоа што јавно го покажувал своето непријателство кон Тито, претседателот и неговата сопруга Јованка имале огромна почит кон него. Еднаш, кога безбедносните служби го принудиле Вуисиќ да се појави пред Тито, тој одбил да облече одело и се појавил пред него во маица и гаќи.
Во однос на глумата, Павле бил човек кој често негодувал за својата професија, тврдејќи дека ја избрал само поради финансиски причини. Сепак, зад неговиот груб изглед се криела нежна поетска душа. Тој пишувал песни на разни предмети, од салфети до сметки, а Мирјана ги чувала како драгоцени спомени.
Неговата најпозната соработка била со Мидраг Петровиќ Чкaља во серијата „Камионџии“, каде играле најдобри пријатели. Но, зад камерите, Павле не можел да го поднесе Чкaља. Според Мирјана, Павле го мразел „глуматањето“ на Чкaља и сметал дека неговиот пристап бил претеран. Но, и покрај нетрпеливоста, Вуисиќ секогаш се залагал за фер третман на својот колега, барајќи Чкaља да добие ист хонорар како него.
Во суштина, Павле Вуисиќ бил човек на контрасти – строг и немилосрден на моменти, но уметничка душа со длабока емотивност.
-
La Linea v1
699 ден
559.20 ден -
Петок
699 ден
559.20 ден -
La Linea v3
699 ден
559.20 ден -
Џаст До Ит!
699 ден
559.20 ден -
Мисли различно
699 ден
559.20 ден -
Спаси ја водата, пиј пиво
699 ден
559.20 ден -
Јас сум толку стар
699 ден
559.20 ден -
Хемија
699 ден
559.20 ден