во

Пад на легендата: Некогашен легендарен фудбалер сега живее на улица, заборавен од сите

Аполиар Панијагва, некогашна голема ѕвезда на фудбалските терени, сега води тажен живот на улиците на своето родно место, напуштен и заборавен од сите.

Неговото слегување од славата до бездомништвото предизвика лавина реакции на социјалните мрежи, каде луѓе од целиот свет се обидуваат да организираат помош, но засега без голем успех. Панијагва, сега во своите доцни 70-ти години, беше репрезентативец на Парагвај и шампион во Колумбија, но тоа не му обезбеди спокоен живот на старост.

„Го препознав, беше одличен играч, ми е жал за ова што му се случува. Дојдов да му помогнам – му донесов облека, го потстрижав, му дадов ќебе и нешто за јадење. Спие на клупа. Ова го направив од срце, знаев дека му е потребно. Играл за многу клубови, беше шампион, познат фудбалер. Треба да му се помогне,“ изјави еден од ретките луѓе кои му изразиле поддршка.

Она што особено боли е фактот дека неговите деца живеат во истиот кварт, но го игнорираат и не се обидуваат да му помогнат. Се појавуваат гласини дека, доколку никој не се заземе за него, државата би можела да го отстрани од улиците.

Супер Кул Маици: -20%
Бесплатна достава над 2000 ден.

Напишете коментар

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена. Задолжителните полиња се означени со *

Како правилно да ја носите бројаницата и што треба да направите кога ќе се скине: Многумина несвесно прават голем грев

Квалитетот на тоалет хартијата во Македонија: Како да препознаете потенцијални опасности?