Пере од Нокаут нѐ потсети на нешто важно. Најважно е да останеме луѓе.
За жал, тагата може да биде инспирација за уметниците. Болката често води кон размислување и сочувство. Тоа може да се претвори во уметност.
Никола Перевски – Пере сподели емотивна поема на Фејсбук. Тој ги критикува оние кои се радуваат на туѓа несреќа. Ги охрабрува луѓето да не заборават на вистинските вредности. Да останат човечни, особено во тешки моменти.
Ви ја пренесуваме неговата поема во целост:
ЌУТИ КОГА БОЛИЛуѓето знаат да гледаат. Знаат да гледаат директно во туѓата несреќа. Да кликнат, да коментираат. Да се насладуваат на туѓиот пекол додека грицкаат нешто мрсно од кеса. Но, знаеш што не знаат? Да молчат кога е потребно. Да ја спуштат главата кога не знаат, кога немаат поим. Да се тргнат настрана кога болката не е нивна. Да ги остават луѓето да ги закопаат своите деца без блиц, шепоти и евтини анализи. Не барам чуда. Не барам свет без врева. Барем за тие неколку дена, Бидете луѓе. Не таблоиди. Не ловци на туѓа трагедија. Не доктори за се и сешто. Само луѓе. Со душа, ако ни остана. Затоа што ако го прокоцкаме и тоа – Нема ни што да се свири веќе.
Уникатни Маици
-
La Linea v1
699 ден
559.20 ден -
Петок
699 ден
559.20 ден -
La Linea v3
699 ден
559.20 ден -
Мисли различно
699 ден
559.20 ден -
Џаст До Ит!
699 ден
559.20 ден -
Спаси ја водата, пиј пиво
699 ден
559.20 ден