Попот имал три ќерки. Итар Пејо им го фрлил меракот на сите три и затоа започнал да работи кај попот.
Еден ден попот му рекол:
– Пејо, оди донеси ги трите лопати!
Итар Пејо тоа и го чекал, отишол кај ќерките на попот и им рекол:
– Попот рече сите три да ве е…
– Тоа не е точно, ти лажеш! – извикале збунето трите девојки.
Во тој момент Итар Пејо се свртел и извикал силно:
– Трите ли Дедо Попе?
– Трите Пејо, трите!!!