во

Погледнете како денес изгледа синот на Тито: Мишо Броз ретко се појавува во јавноста

Александар Мишо Броз, синот на Јосип Броз Тито, речиси цела деценија по завршувањето на успешната дипломатска кариера, многу ретко се појавува во јавноста. Но, неодамна, неговата ќерка Сања Броз, познатата театарска режисерка и внучка на Тито, објави фотографија на која 82-годишниот Мишо е во друштво на неговата сопруга Мира, која има 81 година.

Во семејна атмосфера, Сања под фотографијата напиша: „Тие се сѐ“, потсетувајќи ја јавноста колку е семејството важно и незаменливо. Таа често истакнува колку нејзините родители влијаеле на нејзиното формирање како личност.

 

View this post on Instagram

 

A post shared by Saša Broz (@brozsasa)

Александар Мишо Броз е роден во бракот на Тито со неговата втора сопруга, Херта Хас. Следејќи го патот на својот татко, Мишо се занимавал со политика и стопанство, а во 80-тите и 90-тите години бил на раководни позиции во хрватската енергетска компанија ИНА.

По осамостојувањето на Хрватска, по препорака на претседателот Фрањо Туѓман, бил назначен за советник во Министерството за надворешни работи, а подоцна работел во амбасадите на Хрватска во Русија и Египет, како и амбасадор во Индонезија.

Супер Кул Маици: -20%
Бесплатна достава над 2000 ден.

Напишете коментар

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена. Задолжителните полиња се означени со *

Авион се сруши во езеро Јута – патници заробени под вода (ВИДЕО)

Секој стан во Југославија од 80-тите имал еден невообичаен детал: Дали го забележавте?