Американската глумица Амбер Херд започна нов живот во Мадрид, по доста бурен животен период и развод од глумецот Џони Деп со кого и се судеше.
Како што се наведува, таа го промени и името во Марта Џејн Канари, вистинското име Каламити Џејн, позната каубојка од Дивиот Запад.
Се претпоставува и дека го променила името заради анонимност, а мештаните велат дека често ја гледаат како шета по паркови и игралишта, пие кафе и поминува време со својата ќерка, Уна Пејџ.
Оние кои ја виделе во близина ја опишуваат како пријателска, пристапна и, што е најважно, опуштена.
Засега не е јасно дали планира да се врати на глумата или да проба нешто сосема ново, наведува порталот.