во ,

Последната желба на Тито: Внукот открива строго чувана тајна!

Ова беше ПОСЛЕДНАТА ЖЕЛБА на ТИТО пред смртта: Внукот на Броз откри СТРОГО ЧУВАНА ТАЈНА и ги шокираше сите луѓе од поранешна ЈУГОСЛАВИЈА

Внукот на доживотниот претседател на СФРЈ, Јошка Броз, своевремено откри на јавноста некои од најголемите тајни во врска со неговиот дедо, познатиот Јосип Броз Тито. Со Броз последен пат разговарал во Љубљана, пред неговата прва операција.

Реклама

Кога Јосип Броз Тито почина, во медиумите се прошири вест дека датумот на смртта е фалсификуван. Меѓутоа, Јошка остро го демантираше тоа!

– Во целата таа мака се сети дека ми вети дека ќе ми даде еден негов карабин и пиштол за лов. Ме повика кај него и ми ги даде карабинот и пиштолот – рече Јошка.

– Се испостави дека операцијата беше доцна направена. Гангрената веќе почна на бубрезите, потоа сепса, а потоа вештачка кома… Бранко Лалевиќ го исклучи тој апарат тогаш. Зошто го зборуваат тоа? Тој човек е мртов, зошто постојано го враќаме од гробот? Тоа се се глупости – додаде Броз.

Истакна дека се сеќава на секој последен момент со дедо му.

– Сега зборуваат дека повикувал попови, зборувал на странски јазици и пеел некои кинески и јапонски песни… Како повикувал кога бил во кома? Луѓе, не изустил ниту еден единствен збор, единствено му се, последната вечер, тоа беше сабота, му се помрдна десната веѓа.

Јас во недела наутро тргнав за Белград, да земам чисти работи и да завршам некои работи. Само што стигнав, ми јавија дека починал. Јас само реков никому ништо да не кажуваат додека не стигнам. Веднаш се вратив во Љубљана, јас го ставив во ковчегот, присуствував кога тој сандак беше заварен.

– Му ставив прстен на рака. Тоа беше неговиот прстен. Тој тоа го бараше. Тоа е прстен што го добил од Сталин на подарок и со него е погребан. Подоцна се појави копија од таков прстен и се продаваше низ Загреб – заклучи Јошка!

Сподели:
Уникатни Маици

Напишете коментар

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена. Задолжителните полиња се означени со *

Бомба! Трамп испраќа војска близу до Србија! Шокантен план на САД ја изненади Европа!

Роботи кои мислат како луѓе: Научниците го сменија текот на иднината!