Младо девојче на возраст од 16 години ја загуби битката за живот по сериозни компликации по стоматолошки зафат во Сараево. Случајот добива сè повеќе внимание, додека јавноста бара одговори за трагедијата.
Според информациите на Avaz, девојката имала стоматолошка интервенција во една од локалните ординации, но по неколку дена состојбата ѝ се влошила драматично. Откако ѝ бил изваден заб, инфекцијата се проширила по вратот, што довело до гнојна инфекција и развој на сепса – сериозна компликација која на крајот резултирала со смртен исход.
Персоналот од ординацијата каде што е извршена интервенцијата не сакал да даде никакви изјави. Вработените информирале дека не можат да споделат дополнителни детали, а докторот кој го извршил зафатот замолил за почитување на неговата приватност.
Пациентката во критична состојба била префрлена во Клиничкиот центар на Универзитетот во Сараево (KCUS), каде што лекарите се бореле за нејзиниот живот, но за жал, не успеале да ја спасат. По операцијата, инфекцијата предизвикала брзо влошување на нејзината состојба.
Од KCUS изразија длабоко жалење за трагичниот исход и информираа дека е побарано да се спроведе внатрешна стручна контрола за да се утврдат сите околности за текот на лекувањето. Од Министерството за здравство на Кантонот Сараево и менаџментот на KCUS веќе побарале детали од целиот процес на лекување.
Случајот е пријавен и до Обвинителството кое покрена истрага за да ги утврди сите факти и околности кои довеле до овој трагичен исход.
-
La Linea v1
699 ден
559.20 ден -
Петок
699 ден
559.20 ден -
La Linea v3
699 ден
559.20 ден -
Џаст До Ит!
699 ден
559.20 ден -
Мисли различно
699 ден
559.20 ден -
Спаси ја водата, пиј пиво
699 ден
559.20 ден -
Јас сум толку стар
699 ден
559.20 ден -
Хемија
699 ден
559.20 ден