Постара жена, околу 65 години, влегува во аптека:
– Добар ден, господине. Дали имате антиреуматици?
– Имаме, госпоѓо.
– Гел за проширени вени?
– Се разбира, госпоѓо.
– А Виагра?
– Имаме, госпоѓо, но Виагра оди само на рецепт од лекар.
– А лекови за деменција?
– Имаме, госпоѓо.
– А имате ли нешто билно за зголемена простата?
– Видете вака, госпоѓо, ние сме една од најдобро снабдените аптеки во градот. Вие само кажете што ви треба?
– Наскоро се мажам за еден постар господин од 75 години, па мислевме да отвориме кај вас книга за подароци за младенци.