Познатиот српски актер и режисер Драган Бјелогрлиќ е осуден на условна казна од шест месеци, со период на проверка од две години, поради физичкиот напад на режисерот Предраг Антонијевиќ во хотелот „Амбасадор“ во Ниш. Бјелогрлиќ изрази длабоко разочарување од пресудата, истакнувајќи дека ќе поднесе жалба.
„Оваа пресуда е разочарувачка за мене,“ изјави Бјелогрлиќ. „Верувам дека судот не ги прифати многуте факти и докази кои беа презентирани низ целиот судски процес. Мојот правен тим ќе ги искористи сите законски средства за да постигне праведен исход.“
Бјелогрлиќ нагласи дека смета дека оваа пресуда е дел од долгогодишен притисок и тортура против него. „Денес ме осудивте неправедно, но не ми ги одзедовте моите идеали и мојата вера во општеството и луѓето во Србија. Продолжуваме понатаму,“ рече тој.
Пресудата беше донесена без утврдени отежнувачки околности за Бјелогрлиќ, при што судот ги зеде предвид фактот дека тој е семеен човек, татко на две деца и истакнат драмски уметник. Оштетениот Антонијевиќ не присуствуваше на денешното рочиште, а одбраната и оштетениот имаат право на жалба.
Бјелогрлиќ во својата одбрана претходно наведе дека инцидентот бил резултат на долготрајни конфликти со Антонијевиќ, кого го обвини за постојани напади врз него.
-
La Linea v1
699 ден
559.20 ден -
Петок
699 ден
559.20 ден -
La Linea v3
699 ден
559.20 ден -
Мисли различно
699 ден
559.20 ден -
Џаст До Ит!
699 ден
559.20 ден -
Јас сум толку стар
699 ден
559.20 ден