Претседателот на Доминиканската Република, Луис Абинадер, беше видно потресен при посетата на местото на трагичниот инцидент во ноќниот клуб „Џет Сет“ во Санто Доминго, каде што покривот се урна за време на концерт. Според последните информации, во несреќата загинаа најмалку десетици луѓе, а повеќе од стотина се повредени.
Гувернерката на Монтекристо, Нелси Круз, која за жал е меѓу загинатите, успеала да се јави на претседателот Абинадер неколку секунди по уривањето на покривот, барајќи помош. „Претседателе, покривот падна, ни треба помош“, биле нејзините зборови.
Претседателот Абинадер веднаш се упатил кон местото на трагедијата, каде што го пречекале урнатини и многу луѓе кои со страв и надеж чекале информации за своите блиски. Со солзи во очите, тој ги гушкал и утешувал луѓето, сочувствувајќи со нивната болка.
На местото на настанот беше присутен и министерот Едуардо Естрељ, кој со нестрпливост чекал вести за својот син, кој заедно со неговата сопруга и децата бил во клубот на прослава на роденден.
„Длабоко жалиме за трагедијата во ноќниот клуб „Џет Сет“. Сите хуманитарни организации се приклучија на акцијата и нудат помош и работат заедно со спасувачите. Нашите молитви се со семејствата на жртвите“, изјави претседателот Абинадер, кој на местото на несреќата пристигна во придружба на својата сопруга Раке.
Неколку часа по несреќата, претседателот прогласи тридневна жалост во земјата и нареди знамињата на сите јавни институции да бидат спуштени на половина копје до следниот четврток.
Светските медиуми пренесуваат дека во моментот на уривањето на покривот, во клубот настапувал познатиот пејач Рубио Перез, кој според неофицијални информации, сѐ уште се наоѓа под урнатините. Се стравува дека бројот на жртви може да биде и поголем од првичните извештаи, бидејќи на концертот присуствувале стотици луѓе, а околу 400 спасувачи интензивно трагаат по преживеани.
-
La Linea v1
699 ден
559.20 ден -
Петок
699 ден
559.20 ден -
La Linea v3
699 ден
559.20 ден -
Џаст До Ит!
699 ден
559.20 ден -
Мисли различно
699 ден
559.20 ден -
Јас сум толку стар
699 ден
559.20 ден