во

Принцезата Беатрис чека втора беба – кралот Чарлс воодушевен

36-годишната принцеза Беатрис, внука на покојната кралица Елизабета, и нејзиниот сопруг Едвардо Мапели Моцци (40) со радост објавија дека во почетокот на пролетта очекуваат ново бебе. Ова ќе биде второ дете на парот, кој веќе има тригодишна ќерка по име Сијена. Едвардо, исто така, има осумгодишен син, Вулфи, од претходна врска, пренесува Sky News.

Кралот Чарлс веднаш бил информиран за среќната вест, а од Бакингемската палата стигнало соопштение дека и двете семејства се “пресреќни”. Заедно со веста, палатата сподели две нови фотографии од семејството.

Едната фотографија ја прикажува принцезата Беатрис и Едвардо во топла прегратка, додека на другата, Едвардо шета низ селски пат со Сијена и Вулфи, држејќи ги за рака.

Во официјалното соопштение од палатата се наведува: „Нејзиното Кралско Височество принцезата Беатрис и г-дин Едвардо Мапели Моцци со големо задоволство ја споделуваат веста дека го очекуваат своето второ дете на почетокот на пролетта, кое ќе им се придружи на Вулфи (8) и Сијена (3)“.

Новото бебе ќе биде 11-то во линијата за британскиот трон и четврто внуче на војводата од Јорк и неговата поранешна сопруга Сара, војвотката од Јорк.

Супер Кул Маици: -20%
Бесплатна достава над 2000 ден.

Напишете коментар

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена. Задолжителните полиња се означени со *

Татковите зборови кон зетот на свадба ги разнежнија сите: „Ако престанеш да ја сакаш…“

БОБА ЖИВОЈИНОВИЌ ОСОМНИЧЕН ЗА ИЗМАМА НА ЈАХТА: А вака изгледа луксузен брод од 6.000.000 евра, има 6 спални соби, мермерна маса…