Турската актерка Бергузар Корел, позната како Шехерезада од серијата „1001 ноќ“, повторно ги воодушеви своите обожаватели со едноставен, но софистициран изглед. Од Кан, Корел сподели фотографии во елегантен црн фустан, кој совршено ја истакна нејзината фигура и ја освежи класичната мода за жени над 40 години.
Овој фустан е идеален за жени кои сакаат класични парчиња што додаваат женственост и издолженост на фигурата, додека ја нагласуваат силуетата и струкот. Корел го дополни изгледот со проѕирни чевли украсени со црни риги и бисерни обетки, оставајќи природната убавина да доминира со минимална шминка и собрана коса во елегантна опашка.
Нејзиниот стил е инспирација за жените кои го ценат квалитетот и класиката – доказ дека природната убавина секогаш е во мода.