Пробиштип денеска со длабока тага се прости од Никола Насевски, Матеј Марковски и Тоше Тодоровски, кои трагично го загубија животот во пожарот во Кочани. Тие беа испратени во своите вечни почивалишта од многубројни сограѓани.
„Тие ќе останат наши ѕвезди водилки, кои ќе нѐ потсетуваат да се бориме вакво зло никогаш да не се повтори! Нека почиваат во мир!“, напишаа жителите на Пробиштип.
Никола и Матеј, и двајцата осумнаесетгодишни момчиња, уште од школските денови седеа заедно во иста клупа. Нивната наставничка од Злетово по трагедијата напиша емотивна порака: „Николче, мило дете, секогаш ме воодушевуваше со твојата блага насмевка и посветеност. Уште од вчера ми ечат во ушите твоите стихови од песната ‘Која ја љубев Дениција’, која ја вежбавме за една училишна приредба. Ах, Матејче, уште во понеделник, а потоа секој ден кога излегуваше од училницата, ме испраќаше со зборовите ‘Убав викенд наставничке’, иако викендот беше далеку“.
Тоше Тодоровски беше полицаец. Тој бил на службена должност во дискотеката кога избил пожарот. Според сведоштвата, Тодоровски со храброст спасувал млади луѓе од огнената стихија и за жал, го загубил сопствениот живот во оваа трагедија.
Тој имаше 36 години. Зад себе остави две малолетни деца кои сега ќе растат без својот татко.
-
La Linea v1
699 ден
559.20 ден -
Петок
699 ден
559.20 ден -
La Linea v3
699 ден
559.20 ден -
Мисли различно
699 ден
559.20 ден -
Џаст До Ит!
699 ден
559.20 ден -
Јас сум толку стар
699 ден
559.20 ден